LAZAROV AWARDS 2026

Lazarov Awards се враќа: Второто издание ветува уште посилни емоции и незаборавни моменти

По успешното прво издание, на Lazarov Awards, кое минатата година донесе масовна поддршка, силна енергија и атмосфера за паметење, предизвикувајќи огромен интерес и обединувајќи илјадници луѓе околу една заедничка приказна, Стефан Лазаров официјално го започна патот и до второто издание кое ветува многу – вредна платформа која прерасна во симбол на благодарност до убавите вредности на македонскиот талент и заедништво.

Овој пат пораката на Лазаров и пријателите е и повеќе од јасна, иако со доза на мистериозност – ветувањето дадено по првото издание не e само момент на емоција, туку почеток на континуитет. Идеја која нѐ навраќа на чувството и поддршката што го одбележаа премиерното издание, отворајќи ја дилемата дали минатогодишниот моментум продолжува. Што следи?

Оваа година, Стефан Лазаров испишува ново спектакуларно поглавје во рамките на оваа оригинална приказна, во неколку етапи, каде ќе бидат подарени и бројни подароци за најсреќните, меѓу кои и два автомобили и тоа на 20 април и на 3 јуни 2026. Првиот настан претставува забавен вовед на пораката за моќта на дигиталниот свет и како истиот ги обединува новите генерации, со специјална програма и ограничен број посетители со ВИП пристап, додека 3 јуни е најавен како централниот настан каде повторно се најавува дружење со бројни македонски ѕвезди, споделени приказни. Амбицијата е второто издание на Lazarov Awards да донесе уште посилно продукциско искуство и уште поголема вклученост од јавноста.

На првиот настан, можност да присуствуваат ќе имаат и сите заинтересирани, а начинот на пријавување ќе биде објавен наскоро преку официјалните канали.

Дел од шоу-програмата ќе бидат бројни пријатели и поддржувачи на Лазаров како Игор Џамбазов, Димитар Атанасовски, Васил Мандаровски – Мандар, и други, а вечерта на 20 април ќе биде збогатена со настап на легендарниот Џамбазов. Програмата и на двата настани ќе биде емитувана во живо на YouTube каналот Лазаров, со дополнителни изненадувања и гости.

И оваа година публиката може да очекува бројни новости, подароци и оригинален пристап во дигиталниот универзум кој Стефан го гради веќе повеќе од 6 години, а оваа негова иницијатива е токму благодарност за континуираната поддршка и доверба што заедницата континуирано му ја покажува. Идејата останува иста – да се создаде нешто кое не е само церемонија, подарување, туку платформа што ја слави поврзаноста меѓу креаторот и јавноста.

Lazarov Awards влегува во својата втора година со јасна порака дека приказната продолжува да расте и да се развива. Повеќе детали за програмата и активностите ќе бидат објавени наскоро преку официјалните канали. Следи нешто добро.