LAZAROV AWARDS 2026

ЗА LAZAROV AWARDS

LAZAROV AWARDS е приказна која започна како идеја, а прерасна во движење што обединува илјадници луѓе. Овој настан претставува симбол на благодарност кон публиката, поддршка на вистинските вредности и славење на луѓето кои оставаат трага во општеството.

По успешното прво издание на Lazarov Awards кое минатата година донесе масовна поддршка, силна енергија и атмосфера за паметење, предизвикувајќи огромен интерес и обединувајќи илјадници луѓе околу една заедничка приказна, ја продолжуваме приказната со второ, подобро и надградено издание на giveaway-от и настанот, што за кратко време прерасна во симбол на благодарност кон публиката и заедништво со заедницата.

Порачуваме дека ветувањето дадено по првото издание не било само момент на емоција, туку почеток на континуитет. Спомените од Lazarov Awards 2025, нѐ навраќаат на чувството и поддршката што го одбележаа премиерното издание, отворајќи ја дилемата дали приказната продолжува, со подготовките кои се во тек, концептот е поставен, а организацијата е во интензивна фаза.

Годинава Lazarov Awards ќе се одвива низ два значајни датуми – 20 април и 3 јуни. Првиот настан ќе претставува вовед во главната приказна, со специјална програма, маестро Игор Џамбазов, бенд, гости и ограничен број посетители со ВИП пристап, додека 3 јуни е најавен како централниот настан на годината.

Амбицијата е второто издание да донесе уште посилно продукциско искуство и уште поголема вклученост на заедницата.

Како и во 2025та, така и оваа година ќе се подаруваат вредни подароци како директен израз на
благодарност за довербата и континуираната поддршка. Идејата останува иста – да се создаде giveaway и настани што не се нешто очекувано, туку цврсто стојат на платформа што ја слави поврзаноста меѓу креаторот и неговата публика.

Lazarov Awards влегува во својата втора година со јасна порака дека приказната продолжува да расте и да се развива.